Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Судот ја одби тужбата на Вилма Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Основниот граѓански суд-Скопје ја одби тужбата за клевета на обвинителката Вилма Русковска поднесена против Игор Јанушев и Христијан Мицкоски, односно против опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Тужбеното барање не е усвоено, а на странките во рок од осум дена ќе им биде доставена писмената пресуда, каде истата ќе биде и образложена.

Инаку, обвинителката Вилма Русковска покрена тужба за клевета против опозициската партија поради предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ кои се емитуваа за време на кампањата пред парламентарните избори што се одржаа на 15 јули годинава. Во два рекламни спота „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“, обвинителката Русковска беше претставена како слуга на СДСМ.

Обвинителката Русковска во тужбата наведува дека преживеала анксиозност, душевна болка и загриженост, додека пак од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се бранеа дека доколку судот пресуди во нејзина корист, ќе се загрози слободата на изразување.

Адвокатот на обвинителката Вилма Русковска денеска изјави дека ќе почекаат да ја добијат писмената пресуда и соодветно на образложението во пресудата, на истото ќе се жалат.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК