22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Ако до утре потрошите 30.000 денари на македонски производи, државата ќе ви врати до 4.500 денари назад!

Викендот без ДДВ, мерката од четвртиот пакет антикризни мерки влезе во вториот ден. Граѓаните за прометот што ќе го направат во овие три дена од продолжениот викенд за домашни производи и услуги и компјутери и ИТ-опрема ќе добијат целосен поврат на платениот ДДВ.

Од Управата за јавни приходи преку соопштение ги информираа корисниците на апликацијата МојДДВ, дека за фискалните сметки издадени во трите дена од Викендот без ДДВ, за вкупниот промет до 30.000 денари по лице, остварен од македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема, со нивното скенирање во рок од три дена од издавањето, ќе може да го вратат целосниот износ на пресметаниот ДДВ за тие производи во фискалните сметки,

-За враќање на целиот износ на данокот, граѓаните треба да ги скенираат фискалните сметки во рок од три дена по нивното издавање, а доколку ги скенираат по истекот на овој рок, враќањето на ДДВ за овие производи ќе продолжи како досега, односно ќе се пресметува со 20 отсто од платениот ДДВ во фискалната сметка исто така и надминатиот износ од вкупниот промет ќе се пресметува согласно редовната пресметка односно 20 отсто, појаснуваат од УЈП.

Враќањето на целосниот износ на ДДВ ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки, додаваат од Управата за јавни приходи.

Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки кои ќе бидат издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.

Највисокиот износ за кој граѓаните би имале право на враќање на целиот износ на данок изнесува 30.000 денари вкупен промет регистриран во сите фискални сметки кои се издадени во овие денови. За прометот над 30.000 денари ќе важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Засега околу 350 000 граѓани можат да ја користат оваа мерка. Тоа е бројката на регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки, но според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, таа бројка очекуваат да се зголеми на 400 000 граѓани

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра

M T

СДСМ: Преку „Мој ДДВ“ вратени над 36 милиони евра кон речиси 400.000 граѓани за две години

M T

Мелиса Ценовска Серафимовска: СДСМ ги враќа парите кај граѓаните – преку МојДДВ на 399.000 граѓани им се вратени 36,3 милиони евра

M T

Лукаревска: Со „Мој ДДВ“ четиричлено семејство враќа 28.000 денари годишно во домашниот буџет

M T

Милиони денари ќе бидат распределени на сметките на оние кои скенирале преку Мој ДДВ

CENTAR MKD

Деновиве треба да легнат 66.853.929 денари на сметките на 204.088 граѓани – пари од викендот без ДДВ

CENTAR MKD