Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за обилни врнежи од дожд и грмежи – Метеоцентар со детална прогноза за времето за следните 4 дена

Утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Под влијание на циклонска активност, во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Преодно стабилизирање на времето се очекува во среда.

Прогноза за 12.10.2020
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 21°С до 26°C
Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне, а особено во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 13.10.2020
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 14.10.2020
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 24°C
Сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК