Со задоволство може да кажам дека денеска Собранието на Република Северна Македонија ги изгласа измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, соопшти Сања Лукаревска, пратеник од редовите на СДСМ.
– Ова значи дека сите граѓани кои во овој продолжен викенд, односно на 10, 11 и 12 октомври ќе купуваат домашни производи и услуги или производи од ИТ индустријата до 30.000 ден, ќе го добијат назад целиот износ на ДДВ.
Оваа мерка којашто е дел од четвртиот пакет од антикризни мерки на владата предводена од СДСМ, станува достапна за 350.000 корисници на апликацијата Мој ДДВ, но и за нови корисници кои ќе ја инсталираат апликацијата.
На граѓаните кои ќе пазаруваат домашни и производи од ИТ индустријата, меѓу 10-12 октомври, по неколку денови на трансакциските сметки ќе им биде извршен поврат на целиот ДДВ од купените производи.
Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.
Досега, за само една година преку мерката Мој ДДВ, веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.
Викенд без ДДВ значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.
Како парламентарно мнозинство продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните, на економијата и на државата,децидна е Лукаревска.