12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Владата го усвои ребалансот на буџетот

Владата вчера на седница го утврди предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2020 година и донесе заклучок да го достави на усвојување до Собранието.

„Согласно финансиските показатели, проекциите покажуваат дека дефицитот во буџетот ќе изнесува 8,4% поради растот на расходната страна во која со најголем процент учествуваат мерките за ублажување на економските последици предизвикани од пандемијата со Ковид-19“, соопштија од Владата.

Приходната страна на буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар.

Од Владата наведуваат дека со ребалансот на буџетот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно.

„Сите мерки од пакетите 1,2,3 и 4 за поддршка на економијата и граѓаните во услови на здравствено-економска криза ќе се реализираат согласно плановите до крајот на годината за ликвидност на економијата преку ликвидност на компаниите, и за зголемување на јавната потрошувачка. Со дополнително кратење на непродуктивни трошоци и со реалокација на средствата во буџетот ќе се задржи исполнувањето на обврските, како што се редовната исплата на доспеаните долгови и субвенции, особено во програмите за рурален развој, за образование, за заштита на животната средина и други еколошки проекти, како и за реализација на капиталните проекти“, соопштија од Владата.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Поевтинуваат и бензинот и дизелот

ДЕСК

Зголемување на бројот на туристи за речиси 20 отсто, најголем дел од нив се од Турција

ДЕСК

Скенирате фискални? – Подгответе се: Познато е кога тргнува исплатата на парите од МОЈ ДДВ!

ДЕСК