22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за oткупната цена на грозјето

Грозјето скапува на нивите, а откупната цена во моментов е најниска откако се памети и изнесува мизерни 6-7 денари, изјави Зоранчо Јованчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека Владата подолг период не му пристапила на овој проблем сериозно и посочи на потребата од итни мерки за да се превенира социјална катастрофа.

Најави дека таа насока денеска до Собранието на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „за Обнова на Македонија“ ќе поднесе барање за надзорна расправа. Истата, како што истакна Јованчев, ќе се реализира со цел да се постигне консензус помеѓу сите засегнати чинители и да се достигне достоинствена цена за килограм грозје. На надзорната расправа ќе бидат повикани претставници на здруженија на лозари од цела држава, претставници на винариите и стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна.

„Проценките на експертите се дека од овогодишната реколта веројатно нема да бидат откупени до 60 милиони килограми винско грозје, што претставува потфрлање од безмалку 40%! Од надлежните институции освен лажните и несериозни ветувања и оптимистички најави нема ниту еден релевантен податок. Класично потфрлање на целиот државен земјоделски систем кој во било која подобро организирана аграрна земја не смее да се случи. Напоменуваме дека причините за хаосот во откупот на овогодишната реколта се пред се во државните институции. Потребни се брзи чекори на делување. Грозјето не смее да остане на нивите. Кога во цел свет недостасува храна, срамота е во Македонија таа да се фрла на буниште затоа што власта не може да помогне и да обезбеди пласман“, истакна Јованчев.

Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета за своја должност да делува со сите начини кои и се расположливи кога владата која ги има сите механизми и полуги на власт остава лозарите да патат. Најави дека во идниот период ќе отпочнат процес на стручна расправа и од потребите за донесување на закон за лозарство, со кој детално ќе биде регулирана областа, ќе се гарантира заштитна откупна цена под која нема да може да се оди, и ќе се регулира начинот на производство на насока на заштитните средства и препарати кои може да се употребуваат, а со цел добивање на поквалитетен краен производ.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ годинава со рекорден откуп и највисока просечна цена

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

Влада: Расте откупната цена на грозјето, годинава за 30% повисоки цени за вранецот и смедеревката

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T