7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Следниот неработен ден паѓа во понеделник

До крајот на годината имаме уште 3 продолжени викенди на кои ќе можеме да одмориме и отпатуваме некаде: На 11 октомври Денот на народното востание паѓа во недела, па како државен празник неработниот ден се префрла за понеделник и со тоа добиваме продолжен викенд. Споен викенд ќе имаме веднаш после тоа, на 23 октомври, Денот на Македонската револуционерна борба кој паѓа во петок. Во демекври за Божиќните празници не очекува уште еден продолжен викенд.

Ова се неработните денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ: -11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од православна вероисповед – 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ – 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ -21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК