Извонредната соработка, партнерството и пријателството кои Република Северна Македонија и САД ги негуваат беа уште еднаш потврдени на денешната работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз, придружувана од Даглас В. Мејден, Програм менаџер на ИЦИТАП Програмата и Хит Вард, Регионален офицер за безбедност, што се одржа во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.
Акцентот на средбата беше ставен на процесот на интеграција кон Европската Унија и членството на Република Северна Македонија во НАТО, како и борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и сајбер криминалот. Министерот Спасовски укажа на несмалениот интензитет во заложбите за јакнење на професионализацијата во полицијата, што ќе придонесе за успешно надминување на предизвиците во активностите на Министерството за внатрешни работи.
Соговорниците уште еднаш ги потврдија партнерството и соработката, а на министерот Спасовски му беа упатени честитки со желба за успех во понатамошната работа на чело на Министерството за внатрешни работи.