Ресенскиот интернет Prespasky.com на 7-ми јули 2020 наполни точно 15 години постоење.
Порталот Prespasky започна со работа во далечната 2005-та година на 7-ми јули, како прв регионален интернет портал во Македонија.
А своевремено беше единствениот медиум во Преспа, како глас на граѓаните.
Мотото на 15-годишнината од основањето на првиот регионален портал во Македонија, Prespasky е 15 години за доброто на Преспа.
Во следниот период нашиот медиум значително ќе го зголеми известувањето од Преспанскиот регион со најновите соддржини.
Редакцијата на порталот на сите свои верни читатели им се заблагодарува за укажаната доверба во изминатата деценија ипол, велат од таму.