Утре истекува рокот за граѓаните кои ги исполнуваат условите, а ги нема во списоците за ваучерите со пари кои ги дели државата.
Граѓаните кои не се на списоците до утре на пладне ќе треба да пратат приговор на следнава емаил адреса: finansiskimerki@gs.gov.mk.
подели
Според официјални информации од Владата досега стигнале дури 30 илјади приговори.
Средношколци, студенти, но и граѓани кои имаат пониски примања од 15.000 денари биле во најголем број од лицата кои испратиле приговор.
Повеќе за државната помош која им следува на граѓаните може да проверите на следниот линк.