9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Од утре се отвораат кафетериите и рестораните

Од утре, се отвораат кафетериите и рестораните но нивната работа ќе биде строго ограничена.

Угостителските објекти ќе може да работат само на летните тераси и на посебна дистанца меѓу две маси или преграда од прелксиглас. На една маса во зависност од димензијата ќе може да седнат до 4 лица.

Голем број на угостителските објекти изминатиов период вршеа подготовки за отворањето на локалите согласно новите препораки од властите, со цел заштита на граѓаните од коронавирусот.

Работното време ќе биде до 20 часот. Строго ќе биде забрането користење на внатрешните простории од локалите за угостителска дејност во првата фаза од отворањето.

Со текот на фазното отворање, властите предвидуваат, постепено организирање и враќање на угостителските објекти во целосен капацитет.

Засега строго се забранети свадби, крштевки и родендени.

Можеби ќе ве интересира

Уште еден голем бренд влегува на македонскиот пазар: Pepco, наскоро ги отвора своите продавници во Скопје

ДЕСК

Познато е кога следува новото покачување на пензиите и минималната плата

ДЕСК

Курсна листа за 8-ми октомври 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.