Македонија од понеделник, 23 ноември, влегува во постуден временски период со врнежи од дожд, снег на планините и засилен ветер. Според најновите информации од Управата за хидрометеоролошки работи, временската промена започнува во вечерните часови во недела, со врнежи кои најпрво ќе бидат поизразени во западните делови.
Во понеделник се очекува постепено спуштање на постудена воздушна маса, поради што на планините дождот ќе преминува во снег. Ќе дува засилен, а на одделни места и силен ветер, што може дополнително да ги отежни условите за движење во повисоките предели.
За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!
▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALASУживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.
Од вторник се очекува значително пониска утринска температура, со вредности под нулата во повеќе делови од земјата. Граѓаните и возачите треба да ги следат новите метеоролошки и сообраќајни известувања, особено доколку планираат патување низ планински превои.


