Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ПРЕД ВИКЕНДОТ – УХМР најави ветер, дожд и пониски температури

Македонија денеска ќе има променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а дневните максимуми ќе достигнат од 12 до 17 степени.

Во западните делови ќе има услови за магла, додека во Скопје е можна појава на слаб локален дожд. За главниот град се прогнозира максимална температура до 17 степени.

Во наредните денови се очекуваат повремени врнежи, а во петок ветерот може да биде силен. Од сабота се најавува продор на постудена воздушна маса од север, што ќе донесе опаѓање на температурите.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК НА 200 ДЕНАРИ – Амандманот не доби поддршка

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Во кое својство сте и финансиски консултант и стечаен управник на Алта банка?

ДЕСК