Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Следува пад на температурите, еве што нè очекува

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре и во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Во петок ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 13.11.2026
Минимална температура: 9°C до 14°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

Прогноза за 14.11.2026
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 15.11.2026
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА ПРИ БЕСПРАВНА СЕЧА ВО ШТИПСКО – 14-годишно дете тешко повредено при бегство, еден уапсен

ДЕСК

НОЌНО АПСЕЊЕ НА ТАБАНОВЦЕ – Албански државјанин приложил фалсификувана италијанска возачка дозвола

ДЕСК

КРАЖБА ВО ПРОДАВНИЦА ВО ВЕЛЕС – 34-годишен маж уапсен по сомнение дека одзел производи

ДЕСК