Centar.mk
СВЕТ

Грчките власти пронајдоа 12 тела во чамец со мигранти јужно од Крит; спасени се 18 лица

Грчките власти утринава пронајдоа 12 тела на брод со мигранти што пловел јужно од Крит. Тетретен брод, кој поминувал низ тој реон, спасил уште 18 лица од истото пловило, соопшти Грчката крајбрежна стража, пренесува АП.

Засега нема информации за идентитетот на починатите, ниту за околностите под кои настапила смртта. Според Крајбрежната стража, бродот бил лоциран утринава на околу 28 километри јужно од Крит.

Откриени уште два брода со мигранти

Грчката крајбрежна стража пронашла уште два брода со мигранти јужно од Крит – на едниот имало 47 лица, а на другиот 40. Сите тие се превезуваат кон пристаниште на јужниот брег на островот.

Во последните месеци, илјадници мигранти се обидоа да ја поминат опасната морска рута од Северна Африка кон Грција. Грција се наоѓа на една од најчесто користените миграциски рути кон Европа, по која се движат луѓе што бегаат од конфликти и сиромаштија во Африка, Блискиот Исток и Азија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Почина масовниот убиец од Краков

ДЕСК

Кина нема да воведува дополнителни царини за стоки од САД уште два месеца

ДЕСК

Шефот на највредната корпорација во светот ја изневерил сопругата со кинеска шпионка

ДЕСК