По повеќечасовните проблеми предизвикани од снежните врнежи, сообраќајот на државните патишта е нормализиран. Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека патните правци се проодни и дека ограничувањата се укинати.
Според попладневниот извештај на АМСМ, од 15 часот немало активни забрани за движење на државните патишта. Регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кој утрово беше блокиран поради излетано товарно возило, повторно е отворен во двата правци од 13:10 часот.
На повисоките делници сè уште има остатоци од снег, а ниските ноќни температури создаваат услови за замрзнување на влажните коловози.


