Два синдиката на вработените во компанијата што управува со главните аеродроми во парискиот регион најавија четиридневен штрајк во пресрет на божиќните празници.
Причината за најавената синдикална акција се барањата за повисоки плати. Евентуалното намалување на бројот на расположливи работници може да предизвика нарушувања во функционирањето на аеродромите во период на зголемена фреквенција на патници.
Патниците со резервирани летови преку Париз треба да ги следат известувањата на авиокомпаниите. Засега нема потврда за конкретниот број летови што би биле погодени.


