Centar.mk
ЛОКАЛНО

ВЕЧЕРВА СЕ МЕНУВА СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Ноќна трка на пет и 21 километар

Во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе се одржи спортско-рекреативната трка „Centar Night Run“, поради што полицијата најави посебен сообраќаен режим. Настанот започнува во 17 часот, а учесниците ќе трчаат на патеки од пет и 21 километар.

Трасата опфаќа повеќе значајни сообраќајници во Општина Центар, меѓу кои улиците „Орце Николов“, „Франклин Рузвелт“, „Наум Наумовски Борче“ и „Михаил Цоков“, како и делови од булеварите „Илинден“, „Свети Климент Охридски“ и „Партизански одреди“. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици додека трае спортскиот настан.

Министерството за внатрешни работи апелира возачите да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и привремената сообраќајна сигнализација. Граѓаните што планираат движење низ центарот во попладневните и вечерните часови треба да ги земат предвид можните застои и пренасочувања.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – Изменето движењето кон гробиштата поради Задушница

ДЕСК

Левица: Во очи на „Скопје европска престолнина на културата“ – ДПМНЕ и Орце го вратија на сцена нивниот бивши портпарол Димче Арсовски и тоа како директор на МКЦ

ДЕСК

Битола: Граѓаните со свои предлози го креираат буџетот за 2027 година

ДЕСК