Centar.mk
фото Centar.mk (c) сите права заддржани
-ЛОКАЛНО

Од 1 декември почнува пријавувањето за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“

Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија. Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории:

1.    Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа;
2.    Најубаво новогодишно украсена тераса од стан;
3.    Најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект;
4.    Најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“ почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година.

Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на poddrshkanagradonachalnik@skopje.gov.mk, или по пошта, на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака – За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците.

За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.

Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците.

Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории.

Ве покануваме заедно да придонесеме за поубав и посветол празничен изглед на Скопје и да ја донесеме новогодишната магија во секој дом!

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ – Меѓу приведените и државјанин на Турција

ДЕСК

СО ЗАКАНА СО ОСТАР ПРЕДМЕТ Ѝ ОДЗЕЛ ПАРИЧНИК НА ЖЕНА – Приведен 40-годишник во Тетово

ДЕСК

СО ОСТАР ПРЕДМЕТ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА 14-ГОДИШНО ДЕТЕ И МУ ЗЕЛ ПАРИ – Вознемирувачки случај ја потресе Македонија

ДЕСК