Centar.mk
илустративна фотографија
МАКЕДОНИЈА

СЕРИОЗНИ ЗАКАНИ КОН СТРАНСКА АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА – Приведен 37-годишник од Радовиш, судот донесе решение

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против лицето на возраст од 37 години од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност.

Настанот бил пријавен на 05.11.2026 година во МВР, по што полициски службеници го пронашле и лишиле од слобода лицето на возраст од 37 години, кое во службен разговор го признало делото. По поднесената пријава, а врз основа на предлог на јавен обвинител, судија од Основниот суд Струмица донел решение за негово упатување на психијатриско посматрање во соодветна здравствена установа.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ДЕН ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ – Се одбележува Митровденска задушница, ден кога со молитва се сеќаваме на најмилите

ДЕСК

УТРИНСКИ МИНУСИ ДО -4 СТЕПЕНИ, А ПРЕКУ ДЕН И ДО 18 – Македонија денес со сонце, облаци и големи температурни разлики

ДЕСК

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА – Автобуси од Ресен, Охрид и Прилеп до Битола

ДЕСК