На 06.11.2026 во Полициската станица Радовиш, лицето на возраст од 21 година од село Раклиш, радовишко, пријавило дека околу 22:15 часот на ул. „22 Октомври“ во Радовиш било физички нападнато од лице кое извадило и остар предмет со кој мавнало кон пријавителот, но не го погодило.
Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.


