Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОАЃААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И СИЛЕН ВЕТЕР – МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, МОЖНИ СЕ И ГРМЕЖИ

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од североисточен правец.

Прогноза за 22.10.2026
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 23.10.2026
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 13°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Прогноза за 24.10.2026
Минимална температура: 2°C до 13°C
Максимална температура: 16°C до 21°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ТОПЛО ДО 21 СТЕПЕН, А ОД НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР најавува дожд, утринска магла и силен јужен ветер

ДЕСК

ПЛАЌАТЕ ЗА УСЛУГА ПОКРИЕНА ОД ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ? – ФЗО ги засилува контролите за можни неправилности

ДЕСК

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ ИМА ДВА РАЗЛИЧНИ ДЕЛА – Мицкоски го објасни предложеното решение за јазикот на полагање

ДЕСК