Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Од „ладна резерва“ до милионски профит: Како ТЕЦ „Неготино“ заработи во енергетската криза

Со години ТЕЦ „Неготино“ беше резервен капацитет. Централата не беше во редовна употреба, но државата ја одржуваше за да може да биде активирана кога ќе има потреба.
И потребата дојде во 2021 година.
На 9 ноември Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија поради нарушувањата на пазарот и големиот раст на цените.

Кризата продолжи и во наредниот период, а државата се соочи со потреба да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија.
Тогаш ТЕЦ „Неготино“ повторно беше активирана.

За да работи, потребен ѝ беше мазут.
И токму набавките на мазутот подоцна станаа предмет на кривична истрага.
Но економскиот резултат од работата на централата е факт што не може да се прескокне.

Во 2022 година ТЕЦ „Неготино“ остварила историски рекордна добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра.
Според податоците што ги имаме од официјалните извештаи на ЕСМ, во 2022 и 2023 година централата остварила профит од околу 30 милиони евра.

Истовремено, анализите покажуваат дека производството на електрична енергија во ТЕЦ „Неготино“ во услови на кризата било економски оправдано во значаен дел од периодот.

ОЈО ГОКК во одлуката за запирање на истрагата истакна дека производството од ТЕЦ „Неготино“ овозможило електрична енергија по значително пониски цени од цените на слободниот пазар.
Така, централата која со години стоела како ладна резерва во време на најголемата енергетска криза повторно почнала да произведува струја – и наместо загуба, според официјалните бројки, остварила милионски профит.
Токму затоа економскиот ефект од работата на ТЕЦ „Неготино“ е еден од фактите што мора да се земат предвид кога се анализира целокупниот случај „Мазут“.