Centar.mk
СВЕТ

Русија уништи два поштенски центри во Украина, еден во близина на Киев

Руските напади уништија центри за сортирање на украинската приватна поштенска и курирска компанија Нова Пошта во близина на Киев и во северниот град Суми, соопшти компанијата.

Нова Пошта објави на Телеграм дека четири водени воздушни бомби го погодиле нејзиниот терминал во Суми. Три камиони исто така биле оштетени во нападот.

Компанијата вели дека нема повредени вработени и дека Нова Пошта продолжува да работи. Објектите на компанијата често се цел на напади откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година./Извор:Makfax