Centar.mk
СВЕТ

Медведев: Финска ќе биде меѓу целите на руското нуклеарно оружје

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Финска ќе биде на листата на потенцијални цели на руското нуклеарно оружје по укинувањето на забраната за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија.

„Финска ја укина забраната за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија. Што менува ова за Финците? Само една, навидум мала промена, нивната земја сега е на мапата на нуклеарните цели на Русија. Радувај се, Финска, го достигна врвот на безбедноста!“, напиша Медведев на социјалната мрежа Макс, пренесува РИА Новости.

На 17 јуни, финскиот парламент го одобри законот поднесен од владата за укинување на законската забрана за увоз и распоредување нуклеарно оружје во земјата, а претседателот на земјата, Александар Стуб, го потпиша на 26 јуни, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПАТНИЦИТЕ – Аеродромот во Прага повторно работи нормално

ДЕСК

СЛУЧАЈОТ ШТО ЈА ПОДЕЛИ ИТАЛИЈА – Суспендирана социјална работничка

ДЕСК

ЛУКАШЕНКО СО ПОРАКА ЗА ВОЈНАТА – Историјата не треба да биде оправдување за територијални претензии

ДЕСК