Centar.mk
СВЕТ

Фидан: Израел е најголемиот проблем во светот и дестабилизирачка сила

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, изјави дека, според него, Израел е дестабилизирачка сила во меѓународните односи и дека меѓународната заедница треба да реагира со дипломатски мерки и санкции.

Фидан изјави дека ова е држава која, според него, предизвикува нестабилност и конфликти каде и да дејствува.

Тој ја повика меѓународната заедница да преземе дипломатски чекори и да воведе санкции, со оценка дека Израел не е само регионален, туку и глобален проблем.

Во истото обраќање, Фидан истакна дека односите меѓу Турција и Соединетите Американски Држави остануваат стабилни, како и дека постои политичка волја од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп за укинување на санкциите КААТСА, пренесуваат медиумите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК