Centar.mk
фото ЈС
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Доаѓа нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и силен ветер во следните денови

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Утре и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 23.05.2026
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Прогноза за 24.05.2026
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 20°C до 28°C

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Прогноза за 25.05.2026
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 21°C до 29°C

Променливо облачно со изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК