Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лажниот патриотизам на ВМРО падна: европски пасоши за нив, изолација за народот

Соопштение на СДСМ:

Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура.

Вистината излезе на виделина.

Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет.

Тоа го призна и ВМРО-ОКГ. Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, Силјановска призна дека македонскиот јазик, идентитет и култура се заштитени, Муцунски признаа дека НАТО е гаранција за безбедноста и добар за бизнис климата.

Паднаа лагите, падна и лажниот патриотизам на ВМРО.

Токму тие што најгласно зборуваа за „предавства“ и „национални интереси“, тивко си обезбедувале бугарски пасоши за себе и за своите семејства.

Последното признание на ВМРО само потврди дека Владата на Мицкоски е преполна со функционери со бугарски пасоши.

Кога СДСМ предложи закон со кој премиерот, министрите, вицепремиерите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства, ВМРО-ОКГ веднаш го одби.

Зошто? Затоа што ако законот беше усвоен, половина Влада ќе требаше да си замине.

За нив може европски пасоши и резервна иднина во ЕУ, ама за народот – блокади, конфликти и изолација.

За нив може бугарски државајнства и Бугари, ама не може внесување на малцинствата во Уставот.

Ова е најголемото лицемерие на ВМРО-ОКГ.

Додека Македонија намерно ја држат заглавена и оттурната од Европа, тие одамна си обезбедиле европска сигурност за себе.

Една по една паѓаат сите лаги на кои со години ја темелеа својата пропаганда.

Граѓаните веќе јасно гледаат дека ВМРО-ОКГ никогаш не водеше битка за државните интереси, туку за власт, бизниси, тендери и лични привилегии.

Лажниот патриотизам падна. Вистината излезе на виделина.

Можеби ќе ве интересира

Младите не бараат чудо, туку живот: Македонија повторно се соочува со прашањето зошто најдобрите си заминуваат

ДЕСК

Филипче: Над 200 милиони евра од ЕУ се изгубени поради „реформите“ на Мицкоски кои се само на збор

ДЕСК

Делегација на РКЕ во посета на Кина

ДЕСК