Centar.mk
СВЕТ

САД нудат 10 милиони долари за водачот на проиранската милиција во Ирак

САД нудат награда до 10 милиони долари за информации за водачот на ирачката шиитска милиција Катаиб Сајид ал-Шухада (КСС), поддржана од Иран. Американскиот Стејт департмент, преку својата програма „Награди за правда“, го идентификуваше водачот како Хашим Финјан Рахим ал-Сараџи и ја означи неговата група како терористичка организација, објавува „Гардијан“.

Во објавата на платформата X се наведува дека „членовите на КСС убиле ирачки цивили и нападнале американски дипломатски мисии во Ирак, како и американски воени бази и персонал во Ирак и Сирија“.

Овој потег е дел од одговорот на САД и Израел на зголемените напади од страна на иранската мрежа на милитантни групи низ Блискиот Исток врз американски, израелски и сојузнички цели. Во овој нов, честопати прикриен конфликт, Ирак стана клучно бојно поле.

Милициите се во голема мера регрутирани од мнозинската шиитска заедница во Ирак и работат под команда на високи офицери во Корпусот на иранската револуционерна гарда./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МАКРОН СО ОСТРА ПОРАКА ЗА УКРАИНА – Ограничувањето на помошта може да донесе нова војна во Европа

ДЕСК

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЕГАЛСКИ КАМП ВО ЛИБАН – Уништени десетици шатори, семејства останаа без покрив

ДЕСК

ТРОЈЦА ОСУДЕНИ НА СМРТ ВО ЈОРДАН – Судска пресуда за нападот врз православна црква со девет жртви

ДЕСК