Голем пожар зафати камп за сириски бегалци во местото Бар Елијас, во долината Бека во источен Либан, при што биле уништени десетици шатори и едно возило. Пожарот избувнал во саботата вечерта, а екипите на цивилната заштита интервенирале за спречување на понатамошното ширење на огнот.
Според либанската цивилна заштита, уништени се 30 шатори, а едно лице било пренесено во болница поради вдишување чад. Дел од очевидците и медиумите, меѓутоа, пренесуваат дека пожарот зафатил поголем дел од кампот, во кој живееле десетици бегалски семејства. Конечниот обем на штетата сè уште не е официјално утврден.
Причината за пожарот засега е непозната. Инцидентот дополнително ја влошува состојбата на бегалците, кои се соочуваат со неизвесност околу сместувањето во пресрет на зимскиот период.


