Во Хрватска од денеска, 15 ноември, започнува законската обврска за користење зимска опрема на утврдените зимски делници од јавните патишта. Обврската важи до 15 април 2027 година, независно од моменталната временска состојба на коловозите.
Хрватскиот автоклуб (ХАК) предупредува дека на повеќе патни правци коловозите се влажни и лизгави, а во внатрешноста видливоста наместа е намалена поради магла. Поради ниските температури, особено на мостовите и надвозниците, можно е формирање голомразица.
Информацијата е важна и за македонските граѓани кои патуваат кон Хрватска. За разлика од Македонија, каде што обврската трае до 15 март, хрватскиот законски рок за определените зимски делници завршува на 15 април.


