На 20.04.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(43) од с.Крушопек, скопско и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од лице(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, друго лице(22) од Скопје, додека со телесни повреди возачот на мотоциклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 20.04.2026 околу 16:30 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на експресниот пат А2, с.Петралица – општина Ранковце, патничко возило „фиат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 32-годишна жена. од Крива Паланка, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
На 20.04.2026 околу 08:30 часот во СВР Велес е пријавено дека во Градско, патничко возило „даеву“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од лице(68) од Градско, удрило во пешакот лице (84) од Градско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жена., констатирани во Општа болница Велес. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес.


