Centar.mk
СВЕТ

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се дека Будимпешта ќе блокира одлуки на ЕУ важни за Киев.

Неговите изјави следуваат откако украинското Министерство за надворешни работи го отфрли притисокот од Будимпешта и Братислава, велејќи дека уценувањето со енергетските извори во услови на руски напади врз инфраструктурата му оди во прилог на агресорот.

„Решението е едноставно“

Во првата објава, Сијарто порача дека решението е „едноставно“ – Украина да ги обнови испораките.

„Едноставно е и лесно. Наместо да се мешате во нашите избори, рестартирајте ги испораките на нафта кон Унгарија и Словачка. И едните и другите знаеме дека нема технички пречки“, напиша тој.

Во втората објава најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Русија на Советот за надворешни работи на ЕУ.

„Додека Украина не го обнови транзитот на нафта преку ‘Дружба’, нема да дозволиме носење одлуки важни за Киев“, истакна Сијарто.

Украина: Не прифаќаме ултиматуми

Од украинска страна порачаа дека не прифаќаат ултиматуми и дека работат на стабилизирање на енергетскиот систем под постојани руски напади.

Киев соопшти и дека предложил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки

C +

Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

C +