Centar.mk
СВЕТ

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој Федералната служба за безбедност (ФСБ) добива овластување да го исклучи интернетот во земјата, пренесуваат медиумите.

„Само претседателот може да воведе ограничувања“, изјави адвокатот и долгогодишен интернет активист Саркис Дарбињан.

Зошто се воведуваат ограничувања

Во последните месеци, руските власти се обидуваат да најдат начини да спречат влегување на украински беспилотни летала во рускиот воздушен простор. Во многу случаи, дроновите користат руски сигнали за навигација, понекогаш на долги растојанија.

Притисок врз интернет апликациите

Властите го засилија притисокот врз популарните апликации за размена на пораки, особено WhatsApp и Telegram. Двете апликации се значително забавени како дел од владините напори да ги охрабрат Русите да ја користат државно поддржаната апликација Max.

Според еден извештај, Telegram би можел целосно да биде блокиран од 1 април.

Ограничувањата предизвикаа незадоволство кај блогерите кои ја следат ситуацијата во Украина и собираат средства за руските трупи.

Telegram исто така е широко користен од руските војници на терен.

Технолошкиот регулатор Роскомнадзор го обвини Telegram, основан од протераниот претприемач Павел Дуров, за создавање на пазар за протечени лични податоци на руски граѓани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ДЕМАНТИРА ДЕКА ОД НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА БИЛЕ ЛАНСИРАНИ УКРАИНСКИ ДРОНОВИ – Тирана со официјална реакција

ДЕСК

НАТО ГИ ОТФРЛА РУСКИТЕ БАРАЊА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СОСТОЈБАТА ОД 1997 ГОДИНА – Руте со јасна порака

ДЕСК

УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ПОТОПИЛА РУСКИ ВОЕН БРОД КАЈ ЛИБИЈА – Зеленски соопшти за напад со седум поморски дронови

ДЕСК