Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Семејно насилство во Струмица – приведен 22-годишен маж

На 08.12.2025 година во 15:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на Струмица.

Според пријавеното, тој на 07.12.2025 година физички ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел телесни повреди.

Осомничениот е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК

Средби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспектива

ДЕСК

ДАВАЛ ПАРИ НА ЗАЕМ, ПА БАРАЛ МНОГУ ПОВЕЌЕ – Закани по живот и физичко насилство во Струмица

ДЕСК