Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Возило удрило пешак на крстосница во Гостивар – тешко повреден

На 06 декември 2025 година во 00:30 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар било пријавено дека на крстосницата од улица „Илинденска“ со булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „Јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишен жител на Гостивар, удрило во пешак на возраст од 28 години, исто така од Гостивар.

Во сообраќајната несреќа пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК