Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Со 1,71 промил зад волан – тетовската полиција веднаш го привела!

и ова: На 26.11.2025 во 17:30 часот на ул.„В.С.Бато“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово привеле 61 годишно лице од с.Брвеница, тетовско.

При преземање на мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал осомничениот со патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,71 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК