Centar.mk
СВЕТ

Туск: Полска е премногу силна

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Русија се обидува да ја дестабилизира Полска бидејќи, како што процени, Варшава денес претставува „премногу силна држава“ за да биде директно нападната. Неговата изјава ја пренесува веб-страницата Lidovky.cz.

„Русија сака да нè ослабне по секоја цена, бидејќи денес Полска е премногу силна за да ја нападне директно“, рече Туск, додавајќи дека, според него, стратегијата на Москва е јасна и насочена кон внатрешен раздор.

Според Туск, целта на Москва е „да ја подели Полска со Европа, со Украина и пред сè – да ги натера Полјаците да се караат едни со други“, според написите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Чешка: му се слошило пред полагање на матура, паднал и починал

C +

Здравствена тревога во Италија: Сомневање за ебола кај двајца повратници од Африка

C +

САД повторно го нападна Иран

C +