Советот на Европската Унија денеска одобри исплата од речиси осум милијарди евра за Украина преку инструментот Ukraine Facility. Според официјалното соопштение, станува збор за најголемата поединечна исплата во рамките на оваа програма за финансиска поддршка.
Од вкупниот износ, околу пет милијарди евра доаѓаат од средствата обезбедени преку заемот за поддршка на Украина во 2026 година. Одлуката следува по исполнувањето на повеќе од 20 реформски обврски поврзани со правосудството, борбата против корупцијата, економијата, енергетиката и јавната администрација.
Средствата се наменети за одржување на макрофинансиската стабилност, реконструкција, модернизација и спроведување реформи. Исплатата треба да се реализира по денешното одобрување.


