Centar.mk
СВЕТ

Претставници на ЕУ: Трамп доби часовник и златна прачка за да ги намали царините за Швајцарија

Функционери на Европската Унија и Швајцарија денес оценија дека подароците што група швајцарски милијардери му ги дале на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи златен часовник „Ролекс“ и гравирана златна прачка во вредност од 130.000 долари (околу 113.000 евра), биле „непочитувачки“ и дека биле дадени за Швајцарија да добие намалување на царините од Соединетите Американски Држави.

Италијанскиот член на Европскиот парламент, Пасквале Тридико, изјави дека е „згрозен“ од скапите подароци, кои биле дадени неколку недели пред Трамп да одлучи да ги намали царините од 39 проценти за швајцарскиот увоз на 15 проценти, објави „Гардијан“.

„Ова е навистина ужасно“, рече Тридико, наведувајќи дека се чини дека станува збор за „претворање на надворешната политика во политика на поединци“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

САД СО БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА – Американските амбасади повикуваат на зголемена внимателност пред празниците

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДОБРИ РЕКОРДНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА – Речиси 8 милијарди евра за Киев

ДЕСК

ЕУ УДРИ ПО РУСКИТЕ БАНКИ И ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ – Нови санкции против 113 лица и субјекти

ДЕСК