Centar.mk
СВЕТ

Кремљ нема да испрати претставници во Турција на средба со Виткоф, Ердоган и Зеленски

Кремљ нема да испрати свои претставници на утрешните состаноци во Турција, каде што украинските и американските претставници ќе разговараат за начините за оживување на процесот за дипломатско решение на војната во Украина. Ова го објави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, а претходно, украинскиот лидер Володимир Зеленски ја објави својата намера да патува во Анкара.

Во турската престолнина, Зеленски ќе се сретне со претседателот Реџеп Таип Ердоган и специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф.

Денес, украинскиот лидер е во Мадрид на разговори со претставници на шпанската политичка и економска елита во очекување на нови испораки на оружје, откако вчера, во Франција, нарача 100 борбени авиони и 8 противвоздушни системи.

Според тврдењата на Москва, во последните 24 часа нејзините трупи напредувале во областа Вовчанск, во областа Хасково и јужно од Александровка во областа Дњепопетровск./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

C +

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

C +

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

C +