Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Задолжително од 15 ноември: Ова мора да го имате во возилото или следи казна!

Од 15 ноември 2025 година, секој возач во Македонија ќе мора задолжително да има зимска опрема во возилото, соопштуваат надлежните институции. Оваа мерка, велат, е воведена за поголема безбедност на патиштата во услови на снег, мраз и ниски температури.

Непочитувањето на правилото ќе се казнува со глоба од 45 евра, без исклучок.

Што значи тоа за возачите?

За патничките возила (до 3.500 кг), задолжително е возилото да има зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри.

Доколку возилото користи летни гуми, возачот мора да поседува синџири за снег кои одговараат на погонските тркала, а шарата и кај летните гуми мора да биде најмалку 4 мм.

Кај тешките возила (над 3.500 кг) и оние со 4х4 погон, зимските гуми мора да имаат длабочина на шарата од најмалку 6 мм.

Автобусите и товарните возила кои не можат да користат синџири, се должни да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат во возилото.

Според сообраќајните експерти, почитувањето на ова правило значително го намалува ризикот од сообраќајни незгоди во зимски услови и овозможува побезбедно движење низ планинските и магливи региони на земјата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +