Centar.mk
СВЕТ

„Политико“: ЕУ дополнително ги заострува визите за Русите

ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“.

Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ЕУ.

Брисел веќе ја ограничи можноста за добивање шенген визи за руските граѓани.

Процесот стана поскап, побавен и со ограничени опции./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Чешка: му се слошило пред полагање на матура, паднал и починал

C +

Здравствена тревога во Италија: Сомневање за ебола кај двајца повратници од Африка

C +

САД повторно го нападна Иран

C +