Centar.mk
БИЗНИС

Пензионерите ќе се офајдат со илјада денари покачување од септемвриската пензија која ќе ја добијат во октомври – Измените на Законот од Влада тргнаа кон Собрание

Измените на Законот од Влада тргнаа кон Собрание. Пензионерите ќе се офајдат со илјада денари покачување од септемвриската пензија која ќе ја добијат во октомври.

Тоа ќе биде линеарно покачување за илјада денари, каде според првичните проценки на ќар ќе бидат нешто помалку од 30-тина илјади пензионери кои добиваат минимална пензија, додека другите би добиле повеќе при системско зголемување согласно трошоците на живот, инфлацијата и растот на просечната плата.

Со предлог измените се најавува овој метод да продолжи и вгодина со мартовската пензија, кога ќе бидат зголемени пензиите за уште илјада денари линеарно.

-Владата на денешната седница донесе низа важни одлуки – го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, информираше вчера Владата.

Измените мора да се случат пред распишувањето на Локалните избори, кои најверојатно ќе бидат распишани на 8-ми август.

Можеби ќе ве интересира

Обезбедени дополнителни средства за инвестиции во образовната инфраструктура и енергетска ефикасност

ДЕСК

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на С. Македонија на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење

ДЕСК

Wizz Air рангирана меѓу 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во Светот за 2026

ДЕСК