Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

-На 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час, соопшти МВР.

-Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ПРОТЕСТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД – Се бара одговорност од институциите и заштита за секоја жртва на насилство

ДЕСК

ОКОЛУ 120 ЖЕНИ ГОДИШНО ЗАБОЛУВААТ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – Лекарите со важен апел за превенција

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ДОЖД И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 24 СТЕПЕНИ – УХМР најавува невообичаено топло време до петок, од сабота заладување

ДЕСК