Centar.mk
фото илустрација/центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Полицијата го затекла како носи ПП апарати од автомобил во неговото кабаре, приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово затекнале лице(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот, соопшти полицијата.

Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите. За настанот бил известен јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +