Centar.mk
МОЗАИК

Жена пронашла порака во шише на плажа, па веднаш повикала полиција

Жена за време на прошетка по плажа во близина на заливот Голвеј во Ирска пронашла шише закопано во песокот со вознемирувачка порака, по што без двоумење ја известила полицијата.

Шишето, кое морето го исфрлило на брегот, било затворено со плута и восок, а однадвор имало остар мирис и наслаги. Во него се наоѓала порака што изгледала како повик за помош, напишана со комбинација од повеќе јазици.

Откако успеала делумно да ја дешифрира, жената изјавила дека ќе ја предаде на полицијата за секој случај, иако постојат сомнежи дека можеби станува збор за шега.

На Редит таа напишала дека успеале да преведат дел од текстот и дека изгледа оти е на индонезиски јазик.

„Пишува: ‘Ве молиме, испратете помош, изгубени сме од 20 декември, тројца сме, не го знаеме името на овој остров, повредени сме’“, навела таа.

Обидувајќи се да го дешифрира остатокот од текстот, додала дека дел од пораката не се преведува јасно и дека можно е да содржи имиња и возраст на лицата.

Случајот предизвика големо внимание на социјалните мрежи, каде дел од корисниците сметаат дека можеби навистина станува збор за автентичен повик за помош.

„Во најлош случај е шега. Во најдобар – можеби ќе спасите нечиј живот. Предавањето на пораката во полиција е вистински потег“, напиша еден корисник.

Други посочија дека, доколку пораката е вистинска, експерти би можеле преку морските струи и локацијата каде е пронајдено шишето да проценат од каде потекнува.

Според еден подетален превод објавен од корисник на Редит, пораката содржи јасен повик за помош, наведува дека се работи за три лица изгубени на непознат остров, од кои најмалку едно е повредено, а во текстот се спомнуваат и имињата „Ли“, „Тоин“ и „Ју Синг 18“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: ПАРИ ЗА ЕДЕН ЗНАК, ЉУБОВНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДРУГ – Неделата носи одлуки што долго се одложувале

ДЕСК

Островот на змиите во Бразил: 3.000 отровни змии живеат на само 43 хектари, пристапот е строго забранет

ДЕСК

ХОРОСКОП ЗА 7 НОЕМВРИ: ЕДЕН ЗНАК ДОБИВА ПАРИ, ДРУГ ЌЕ СЛУШНЕ ПРИЗНАНИЕ ШТО ГО ЧЕКА СО МЕСЕЦИ – Саботата носи неочекувани пресврти

ДЕСК