Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат М Телевизија, укажа дека Владата на ВМРО направи упад во пензискиот систем и со линераното зголемување на пензиите сериозно ги оштети пензионерите.

„Оваа власт направи таков упад направи во пензискиот систем, даде два пати линеарно покачување на пензиите и што постигна само ги украдоа пензионерите, затоа што зголемувањето на пензиите со системот кој што ние го поставивме ќе значеше многу повеќе пари сега. Сега ова зголемување немаше биде само 1.000 денари. Најмалото ќе беше околу 1.500-1.600 денари, а најголемото 3.500 денари“, рече Филипче.

Во интервјуто, Филипче нагласи дека политиките кои што ги води власта се погубни за граѓаните и државата ја носат во бездна.

„Пари во буџетот нема, лошо се води државата, дефицитот расте, наплатите се страшно ниски и сметам дека државата оди и се води во бездна. Оваа власт не сака ниту државата да оди напред, ниту нешто добро да направат за граѓаните. Што кажува премиерот во време на оваа тешка криза, набљудуваме, ќе видиме како ќе биде – како независен аналитичар се однесува“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК