Centar.mk
stab, shtab
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

Интегрален текст од соопштението на СДСМ:

По месеци на жестока кампања во која СДСМ нè обвинуваше дека сме „предавници“ и дека „продаваме идентитет“ само затоа што баравме уставни измени за продолжување на ЕУ преговорите, сега ВМРО-ОКГ самата најавува дека ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Ова е врв на лицемерието и лагите на Мицкоски и ВМРО.

Од предизборното ветување дека ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе го врати името, преку „ќе чекаме децении“, до сегашното „ќе ги внесеме“ сè е чиста измама кон сопствените граѓани.

Граѓаните јасно гледаат: ВМРО-ОКГ не ги штити македонските интереси. Тие ги штитат само своите бизнис интереси и својата власт.

Кога им треба, ги менуваат ставовите како чорапи.

Ние во СДСМ бевме и остануваме доследни: бараме исполнување на европските обврски за да продолжиме по ЕУ патот, без да се игра со идентитетот и без лицемерие.

ВМРО-ОКГ повторно ги излажа своите гласачи.

Доаѓа времето на вистината.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК