Centar.mk
СВЕТ

Убиство старо 43 години решено во САД благодарение на поткаст

Американската полиција реши 43 години стар случај на убиство и силување благодарение на криминалистички поткаст што помогнал да се откријат нови траги во истрагата.

Станува збор за убиството на 16-годишната Роксен Шарп, која била силувана и убиена во Луизијана во 1982 година, а случајот со децении останал нерешен.

По повторна анализа на старите докази со современа ДНК-технологија и нови информации добиени преку подкастот „Who Killed Roxanne?“, полицијата уапси четворица мажи осомничени за злосторството.

Од државната полиција на Луизијана соопштија дека апсењата се резултат на напредокот во истражните техники и соработката со јавноста.

Авторите на поткастот изјавија дека првично мислеле оти случајот е заборавен, но по емитувањето се јавиле бројни луѓе со корисни информации што помогнале во пробивот на истрагата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лекар од крузерот позитивен на хантавирус: „Симптомите личеа на грип“

C +

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

C +

Планот на Трамп предизвика паника во Азија

C +